Посен солен куглоф (со повеќе видови на брашно)
Состојки
- 1 филџан (200мл) `ржано брашно
- 1 филџан пченкарно брашно
- 1/2 фиџан хелдино брашно (по желба)
- 1 филџан бело брашно
- 1 филџан маслинова масло
- 1 л минерална вода
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 лажиче сол
- 3 страка праз
- 300 гр црни маслинки каламата
- 50 гр лупени семки од сончоглед
Подготовка
Сите брашна се истураат во сад, се додава маслото, прашокот за пециво, сол и киселата вода постепено. Се меша рачно додека не се добие хомогена смеса. Доколку сметате дека е премногу густо додадете уште вода или ако е ретко уште малку брашно. Густината треба да е погуста отколку за проја со јајца.
Празот се пржи кратко со малку масло за да омекне. На маслинките им се одстрануваат семките и се сецкаат ситно. Пржениот праз и маслинките се додаваат во изматената смеса. Се додаваат и семките од сончоглед. Целата содржина се истура во куглоф и се става да се пече во загреана рерна околу 40 минути на 200 степени. Се служи топло или ладно. Идеално предјадење за престојните пости. Добар апетит.