Подготовка:
Во еден сад ставаме сол, пециво, сите 4 видови брашно и полека додаваме кисела вода, замесуваме тесто. Добиваме тесто кое не лепи на рака. Го тргаме на страна и го спремаме полнењето. Соединуваме ајвар, издробена фета, сечкана сланина и сечкани маслинки. Го земаме тестото од кое добиваме голема векна. Сечкаме на мали парчиња кои со оклагија ги расукуваме до величина на калап за панцероти. Ставаме едно парче на калапот, ставаме фил, па затвараме. Постапката е иста, додека не се истрошат состојките. Ги ставаме во плех или ростер тава и ги печеме околу 25 минути на 200 степени.