Панцероти од 4 видови брашно - хроно
Состојки
- 125 гр спелтино брашно
- 125 гр брашно од хељда
- 125 гр јачменово брашно
- 125 гр ржано брашно
- 1 лажичка сол
- 1 прашок за пециво
- 2 лажички свинска маст
- 270-280 мл кисела вода
- За полнење
- 2 лажици ајвар
- 50 гр фета сирење
- 100-130 гр сечкана сланина
- 5 црни маслинки
Подготовка
Подготовка:
Во еден сад ставаме сол, пециво, сите 4 видови брашно и полека додаваме кисела вода, замесуваме тесто. Добиваме тесто кое не лепи на рака. Го тргаме на страна и го спремаме полнењето. Соединуваме ајвар, издробена фета, сечкана сланина и сечкани маслинки. Го земаме тестото од кое добиваме голема векна. Сечкаме на мали парчиња кои со оклагија ги расукуваме до величина на калап за панцероти. Ставаме едно парче на калапот, ставаме фил, па затвараме. Постапката е иста, додека не се истрошат состојките. Ги ставаме во плех или ростер тава и ги печеме околу 25 минути на 200 степени.