Јајцата внимателно скршете ги на половинки. За посигурно и поуспешно засечете ги со оштар нож по работ на кој се споени, па благо стиснете.
Слатката павлака, ликерот (румот), какаото, капучиното и чоколадото растопете ги на оган додека убаво не се спојат.
Потоа со миксер убаво измиксирајте ги, па додадете ги лешниците и бисквитите. Доколку смесата ви е потечна, придодадете уште малку бисквити или лешници, доколку пак, е поретка, регулирајте со ликерот, но имајте во предвид дека смесата ќе се стегни повеќе откако убаво ќе олади. Значи да е е пресува или течна.
Оставете да олади повремено мешајќи, па потоа полнете ги чоколадните јајца.
Одозгора украсете по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани