
19
апр
2013
Чоколадни јајца со „жолчка“
Врвовите на јајцата поткршете ги за 1/3.
Во дел од кокосовото млеко размешатјте го убаво густинот, па додадете го остатокот и шеќерот. Сварете го во цврст крем со постојано мешање. Прекријте го со најлон фолија, или повремено мешајте додека сосема не одлади.
Слатката павлака цврсто измиксирајте ја и додадете ја на оладениот кокосов крем, па матете со миксер додека смесата не добие мазна структура. Ако имате арома на кокос и сакате да го зајакнете вкусот тука е моментот кога треба да ја додадете.
Со овој крем полнете ги шупливите чоколадни јајца, со тоа што во средината ќе правите вдлабнатина во која ставате од жолтиот мармалад.
Лиценца: Сите права се задржани
А ваква жолчка е најтешко да се свари :D
Фала ви многу на сите <3
Мире, немам намера да се спремам за Велигден, само ви потфрлам по некоја идеја да се најди ;) Се што направив одма трошам, а изгледа тој ден кога ќе дојди најмалку ќе имам нешто спремано по дома :)))
Одлични се, немам зборови .. браво :)