Чоколадни јајца со „жолчка“
Состојки
- 16 шупливи чоколади јајца
- 400 мл кокосово млеко
- 4 лажици шеќер
- 50 гр нишесте (густин)
- 100 мл слатка павлака
- околу 6 лажици мармалад со жолта боја (кајсија, портокал, праска, лимон)
Подготовка
Врвовите на јајцата поткршете ги за 1/3.
Во дел од кокосовото млеко размешатјте го убаво густинот, па додадете го остатокот и шеќерот. Сварете го во цврст крем со постојано мешање. Прекријте го со најлон фолија, или повремено мешајте додека сосема не одлади.
Слатката павлака цврсто измиксирајте ја и додадете ја на оладениот кокосов крем, па матете со миксер додека смесата не добие мазна структура. Ако имате арома на кокос и сакате да го зајакнете вкусот тука е моментот кога треба да ја додадете.
Со овој крем полнете ги шупливите чоколадни јајца, со тоа што во средината ќе правите вдлабнатина во која ставате од жолтиот мармалад.