Се ставаат на оган маргаринот, чоколадата, медот и водата да се стопат до степен на вриење. Во смесата не оди шеќер заради млечната чоколада затоа што таа е многу блага и заради медот.
Потоа во растопената смеса се додаваат плазма бисквитите, тие ги користам секогаш заради вкусот и се додаваат и мелените ореви.
Сето тоа заедно убаво се меша со лажича и се остава да се излади.
Од месата се прават форми на јајциња но во помал размер од кокошкините јајца, всушност се прават во големина на јајца од препелица.
Кога се помали се поинетресни за изглед но и по практични за јадење.
Одкако ќе се направат јајцињата се декорираат. Јас ги декорирарав со фондан.
А доколку сакате може било што по желба , на пр. со растопена чоколада.
Од оваа смеса излегуваат околу 80 јајциња.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки

 

Лиценца: Сите права се задржани