Полнети чоколадни јајца
Состојки
- 8 чоколадни јајца
- 150 мл слатка павлака
- 100 гр мелени лешници
- 100 гр мелени бисквити
- 4 лажици капучино (прав)
- 3 лажички ликер по ваш вкус или рум
- 1 полна лажица какао
- 50 гр чоколадо
Подготовка
Јајцата внимателно скршете ги на половинки. За посигурно и поуспешно засечете ги со оштар нож по работ на кој се споени, па благо стиснете.
Слатката павлака, ликерот (румот), какаото, капучиното и чоколадото растопете ги на оган додека убаво не се спојат.
Потоа со миксер убаво измиксирајте ги, па додадете ги лешниците и бисквитите. Доколку смесата ви е потечна, придодадете уште малку бисквити или лешници, доколку пак, е поретка, регулирајте со ликерот, но имајте во предвид дека смесата ќе се стегни повеќе откако убаво ќе олади. Значи да е е пресува или течна.
Оставете да олади повремено мешајќи, па потоа полнете ги чоколадните јајца.
Одозгора украсете по желба.