14
апр
2013
Полнети чоколадни јајца
Јајцата внимателно скршете ги на половинки. За посигурно и поуспешно засечете ги со оштар нож по работ на кој се споени, па благо стиснете.
Слатката павлака, ликерот (румот), какаото, капучиното и чоколадото растопете ги на оган додека убаво не се спојат.
Потоа со миксер убаво измиксирајте ги, па додадете ги лешниците и бисквитите. Доколку смесата ви е потечна, придодадете уште малку бисквити или лешници, доколку пак, е поретка, регулирајте со ликерот, но имајте во предвид дека смесата ќе се стегни повеќе откако убаво ќе олади. Значи да е е пресува или течна.
Оставете да олади повремено мешајќи, па потоа полнете ги чоколадните јајца.
Одозгора украсете по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Супер идеи,значи за Велигден на гости кај тебе пошто ќе биде најукрасено :Р
Ова го испробав уште пред околу 10 дена и ќерката си ги присвои никој да не и ги пипа... си мезеше со задоволство 3 дена по ред и сите ги „смачка“ :) Звучи велигденски, ама за Велигден планирам по гости кај верниците да одам и тогаш е најголема веројатноста да немам ништо дома, освен исшарани јајца :))) ова само реков да ви го лансирам како препишувач за празников можи ќе се најди некому кој нема многу време да се рашетава по нетот ;)
Дали и нашите мајки и баби треба да се бунат што ги споделуваме нивните рецепти.
Одличен е рецептот како и се до сега, да не те боли многу главата и да не ти скока пулсот без потреба. Готви си, споделувај со нас и уживај :)
i jas izgleda vo tvojot stil ke sum.. ili ke pojdam na gosti ili ke imam polno gosti.. e sega kako ke bidi... neznam... ili ke ima nesto ili ke nema... ama praznik e... mora i nesto jaresko, pa blagesto... ne samo jajcina...leleee pa salatickata so jajca i mlad kromid... pa marulicka.. da ne ti raskazuvam...
i jas izgleda vo tvojot stil ke sum.. ili ke pojdam na gosti ili ke imam polno gosti.. e sega kako ke bidi... neznam... ili ke ima nesto ili ke nema... ama praznik e... mora i nesto jaresko, pa blagesto... ne samo jajcina...leleee pa salatickata so jajca i mlad kromid... pa marulicka.. da ne ti raskazuvam...
Klara jajcata se super i bas pred nekoj den gledav deka polovinkite namesto od gotovi cokoladni jajca moze da se napravat so balon,ne uspeav da prepisam ama zapomniv:)
А за тие со балон, се сеќавам дека овде имаше веќе некој одамна препишано :) ....
http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4-2