Подготовка на тестото.
Во длабок ги ставаме сите состојки за тестото, маргаринот треба да биде претходно одстојан на собна температура месиме мазно тесто. Тестото го мотаме во проѕирна фолија и ставаме во флижидер 1 час.

За тоа време го подготвваме филот.
Јаболките ги лупиме и сецкаме на коцки, 300 мл сок од јаболка ставаме да зоврие и ги додаваме исецканите јаболки и цимет, вариме 5 минути, ги вадиме јаболките во чинија и со вилушка малку ги гмечиме. Во преостанатиот сок го раствараме пудингот, го додаваме во врелиот сок и вариме пудинг. Кога ќе се згусти повторно ги враќаме јаболките и мешаме па тргаме на страна да се оладади. Калап со стегач бр. 26 го премачкуваме со масло.
На набрашнета работна маса развлекуваме кора да фати 4 см по страната на тава и враќаме во ладилник уште половина час. По половина час врз тестото го распоредете ги лебните трошки па изладениот фил. Во загреана релна на 175 с ставете ја питата 50 минути, а непосредно пред крајот изматете ги белките со прав шеќерот во цврст снег.
Извадете ја питата, нанесете ги белките и повторно ставете во релна околу 10 до 15 мин. Питата по печењето оставете добро да се излади можете и во ладилник малку, па извадете го стегачот. Јас немав тава со стегач,  па ја правев во обична тава обложена со хартија за печење, малку беше незгодна за вадење и ми испука беланецот, но и таква вкусна беше.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови