Пита со јаболко
Подготовка на тестото.
Во длабок ги ставаме сите состојки за тестото, маргаринот треба да биде претходно одстојан на собна температура месиме мазно тесто. Тестото го мотаме во проѕирна фолија и ставаме во флижидер 1 час.
За тоа време го подготвваме филот.
Јаболките ги лупиме и сецкаме на коцки, 300 мл сок од јаболка ставаме да зоврие и ги додаваме исецканите јаболки и цимет, вариме 5 минути, ги вадиме јаболките во чинија и со вилушка малку ги гмечиме. Во преостанатиот сок го раствараме пудингот, го додаваме во врелиот сок и вариме пудинг. Кога ќе се згусти повторно ги враќаме јаболките и мешаме па тргаме на страна да се оладади. Калап со стегач бр. 26 го премачкуваме со масло.
На набрашнета работна маса развлекуваме кора да фати 4 см по страната на тава и враќаме во ладилник уште половина час. По половина час врз тестото го распоредете ги лебните трошки па изладениот фил. Во загреана релна на 175 с ставете ја питата 50 минути, а непосредно пред крајот изматете ги белките со прав шеќерот во цврст снег.
Извадете ја питата, нанесете ги белките и повторно ставете во релна околу 10 до 15 мин. Питата по печењето оставете добро да се излади можете и во ладилник малку, па извадете го стегачот. Јас немав тава со стегач, па ја правев во обична тава обложена со хартија за печење, малку беше незгодна за вадење и ми испука беланецот, но и таква вкусна беше.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови