Нутела торта
Прво се прави 1 тесто.
Се матат јајцата со шеќерот и постепено се додаваат останатите состојки.
Тестото се печи во 2 исти плеха или во еден поголем, па да се подели на 2 дела.
Исто за тесто 2 се матат јајцата со шеќерот па се додаваат брашното и какаото.
Се печи во плех со исти димензии како претходниот.
За фил 1 млекото, шеќерот и пудингот се варат до згуснивање. Се додава изматениот путер и нутелата.
За фил 2 се мати павлаката и се додава нутелата.
На послужавник се става половина од 1 тесто, врз него од филот со пудинг, па се става второто тесто, па филот со павлаката, па половина од прво тесто, па филот со пудинг.
Цела торта се покрива со изматен чоколаден шлаг.
Се лади 1-2 часа па се сервира.
Лиценца: Сите права се задржани
Ovde sme da ucime, da se druzime, da se raduvame
a neka i bide na cest na ovaa glupacka komentarot