Кремасто изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го маслото, млекото, истопеното чоколадо и на крај брашното, пецивото и мелените лешници.
Истурете ја смесата во намастена и побрашнета тава 20х30 и печете во загреана рерна на 180С околу 35 мин.

Одделете малку од млекото, додајте го шеќерот и во него размешајте го прашокот за пудинг. Додадете го во загреаното млеко и сварете пудинг. Кога е готов, вмешајте го во него стопеното чоколадо и свареното кафе. Покријте го со целофан да излади. Во изладениот крем додадете го измиксираниот маргарин и заедно соединете ги со миксер.

Премачкајте го кексот со филот и спремете ја глазурата, така што чоколадото и маргаринот ќе ги растопите на пареа. Прелијте го колачот најгоре со топлата глазура. Оставете да олади и пробајте потоа да изедите само едно парче да ве видам *_*

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани