Полека - полека заокружив и јас овде еден јубилеј, заокружив огромна бројка на пријатели, заокружив голем број на многу добри рецепт, а истовремено и научив нешто повеке со дружбата, за кое нешто јас сум многу благодарна. Овде е едно големо друштво на кое вратите се отворени за сите нови членки за кои знам дека овој сајт ке им биде секојдневие. Кој знае - ке не научи, кој незнае - ке се научи , а за целото ова убаво што ни се случува секако најзаслужна е страната Мои Рецепти заедно со екипата.
Срекни празници,

Припрема
1. Кора- Во поголем сад просејте го брашното, какаото, пецивото, содата, додадете шекерот, ванила и солта. Во друг помал сад пенесто измиксирајте ги јајцата, додадете го маслото, кората од портокал, екстратот од ванилата и измешајте со миксерот на најмалата брзина само кратко колку да се спојат состојките. Оваа добиена смеса додадете ја кај измешаното брашно. Врелата вода во тенок млаз додавајте ја постојано мешајки. Со хартија зе печење обложете тава бр.24, ставете да се пече во претходно загреаа рера на 170-180 степенни околу 25 мин. но сепак проверете со чечкалица. Печена извадете и оставете ја да олади, по што потрудете се да исечете 2-две кори. .

2. Фил- Над пареа или на сосема тивок оган растопете ја белата чоколада со маслото.и водата. (користете квалитетно бело чоколадо- јас користев бела кувертура). Во стопеното чоколадо додадете го лимоновиот сок и размешајте. Слатката павлака изматете ја и оставете настрана. Со миксер кратко изматете го и свежото сирење, по што во него ке ја додадете млаката стопена чоколада- со најголемата брзина од мисерот спојте ги во еднолична смеса. Внимателно додадете ја во неколку наврати изматената слатка павлака постојано мешајки со најголемата брзина од миксерот. Милка чоколадото со орео кексите ситно исецкајте ги и додадете кај филот.

3. Оформување- На тацната на која ке стои тортата ставете ја првата кора- со лажица посипувајте од чоколадното млеко, премачкајте со 1/2 од филот- ставете во фрижидер за кратко да се зацврсти, извадете ја- ставете ја втората кора и премачкајте со остатокот од филот. Вратете во фрижидерот.

4. Направете го ганашот ставајки во сад да се загрева слатката павлака недозволувајки да проврие, додадете во неа ситно исецканото чоколадо, мешајте се додека се стопи. Нека олади до многу младо- не смее да се става топло. Извадете тортата од фрижидерот, залијте со ганашот.

- Не се сетив навремено да си оставам малку од ганашот, ми притекна да загреам чоколаден крем - тоа беше Ципирипи, ставив во шприц и некако ја довршив.. Јас ѕидовите на тортата ги оформиф со трошки од брауни кекс. Тортичево го спремав за мојот прв внук кој во далечната Новогодишна ноќ во 2005 година не направи најсрекни појавувајки се на овој свет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани