Се делат белките од жолчките.
Значи за една кора треба да изматите

5 белки во цврст снег, додајте 3 лажици шеќер па потоа дојдајте мелени лешници 50 гр. Исклучите миксерот и додајте уште една лажица брашно.

Откако ќе ги испечете тестата, одете во подготовка на кремот.
Жолчките матете ги пенесто со 10 лажици шеќер.
На страна изматете 100 гр шеќер со 3 лажици брашно и три пудинга од ванила.
Додајте млеко во брашното онолку колку што е потребно да се измати.
Останатото млеко од 1 литар ставете на оган да се згрее.
Измешајте ги жолчките со пудингот и кога млекото ќе се вжешти, постепено додавајте и мешајте континуирано да добиете густина.
Поделете го во два сада.
Во едниот додадете две бели чоколада, а во другиот дел додадете две темни чоколада со лешници,
Мешајте додека не се растопат чоколадите.
Кога ќе истинат кремовиве додајте им по 125 грама разматен путер и соединете ги.
Слатката павлака изматете ја и нека е спремна за филување.
Почнете да филувате
Една кора, па ред од кремот со белото чоколадо, па фил од темното чоколадо, а потоа прекријте со слатка павлака. Помеѓу кремовите прскајте по една рака претходно пржени лешници.
Повторете ја постапката со сите кори. Значи, на крајот добивате последен ред, слатка павлака.
Ставете да се стврдне во ладилник.
Растопете чоколада и полејте ја тортата.
Со растопено бело чоколадо ставете по некоја не правилна форма врз темното чоколадо.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови