Има многу рецепти за торта Милка, сите се слични, а оваа ми е испробана, не е сложена, а е превкусна.

Подготовка

Пандишпан
Се матат белките со шеќерот и ванилата убаво во цврст шлаг, па постепено се додаваат мелените лешници и бисквити и прашокот за печиво и се меша убаво со шпатула или дрвена лажица. Оваа смеса се истура во плехот од шпоретот обложен со хартија за печење и се пече 10тина минути на 180 степени. Откако ќе се извади од шпоретот, се остава да се излади убаво и се сече на 3 еднакви ленти.
Фил
7 жолчки се матат со 3 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер.
На страна се вари 600 мл млеко и во него се додаваат 3 лажици шеќер и растворениот пудинг со 4 лажици брашно претходно растворени во 200 мл млеко, убаво се меша до згуснување и на крај се додаваат претходно изматените жолчки, се мешаат убаво и смесата се трга на страна и се дели на 2 дела уште дур е жешка.
Во едниот дел се става темното чоколадо, во другото белото и се мешаат убаво додека чоколадата не се растопат. Двата фила се покриваат со најлон фолија и се ладат убаво. Откако ќе се изладат убаво, на страна се мати 125 г путер или маргарин и пола се става белиот фил, се мати убаво, и другата половина се става во темниот фил и се мати и тој убаво.
Се реди тортата, се зема една лента пандишпан, се премачкува со бел фил, па врз него кафеавиот фил. Истото се повторува и со другите 2 кори и со кафеавиот фил се премачкува на крај целата торта. Одозгора по желба се нанесува изматен шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови