Торта со предобар вкус.
Топло ви ја препорачувам.

Кората се подготвува на стандарден начин.
Се матам белките со малку сол и додавање на шеќерот со ванилата на неколку пати.
Штом се стопи тој, се додаваат останатите состојки и убаво се изедначува.
Се печи во плех 32 на 39 цм., премачкан со маргарин.
Кората се остава да се излади,се сечи на три еднакви ленти, па се попрскува со млако млеко.(Не мора цела наведена количина да влези, важно секаде, по цела површина убаво да се попрска.)

За филот се матат жолчките, се додаваат пудинзите, па млеко,се убаво се миксира за да се добие течна смеса.
Остатокот од млекото заедно со шеќерот и ванилите се зоврива.
Се додава смесата со жолчките и се вари на умерен оган, додека кремот ја добие потребната густина, со постојано мешање.
Се трга настрана и се остава да се излади, со повремени промешувања.
Маргаринот пенасто се мати и лажица по лажица се додава од кремот. Убаво се миксира.
Во готовиот фил се додаваат кршените бисквити, сецканите чоколади и крупно мелените лешници.
Се филоваат трите ленти.
За ганашот се заграва слатката павлака до точка на вриење и се прелева врз рендано чоколадо за готвење.Се меша додека се стопи чоколадото и се изедначи смесата, стане еднолична.
Малку да излади, па се прелева врз тортата.
Украсуваме по желба.
На здравје сладење!
*За поубав вкус, лешниците претходно потпечени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани