Катерина торта-мој 1500 јубилеен рецепт
Драги МР, мои пријатели…
Еве стигнав до мојот 1500 рецепт, презентиран од мојата кујна , а споделен со вас на оваа прекрасна страна.
Изборот за овој јубилеј беше една, богата на вкус, “неуредна” торта, торти кои се хит во овој период. Односно, торти без тешки, слатки фондани...или шампити.
Тука ќе изразам благодарност до сите почитувачи на мојата кујна, до сите оние кои оделиле време да ги погледнат моите рецепти, да ги споделат, да ги подготват..
Благодарност и до целиот тим на МР.
Начин на подготовка
Потребни ни се 4 кори.
При печењето калапот треба да биде потполно чист, со послана хартија за печење.
Исклучиво моја препорака е да се користат тостирани ореви.
Тоа го сработив во апаратот за готвење со топол воздух, за 5-7 минути.
Шмекот на потпечен орев е прекрасен.
Јас работев во калап со дијаметар од 18 цм
Ако имате потреба од поголема торта, работете со дуплирање на состојките и печете во тава бр 24 или 26.
Периодов е таков за сите нас, кога социјалниот живот ни е сведен на 0, па отука се одлучив за не многу голема торта.
Во вангличка ставаме 2 белки, матиме, па додаваме 2 лажици шеќер.
Со исклучен миксер додаваме 60 гр мелен орев, 1 штангла рендано чоколадо или 1 лажиче просеано квалитетно какао.
Смесата ја ставаме во обрачот, израмнуваме и печиме на 180 соколу 10-15 минути.
Испеченото тесто го оставаме да се лади.
Сега на ист начин го подготвуваме второто тесто.
Вака ќе добием 2 темни кори.
Сега го подготвуваме третото тесто.
Во вангличка ги ставаме белките, матиме, па додаваме шеќер.
Со исклучен миксер додаваме 30 гр сецкан тостиран орев, 30 гр мелен тостиран орев.
Соединуваме.
Печиме во истиот калап.
Испеченото тесто го оставаме да се лади.
Ја подготвуваме четвртата кора.
Во сад ги ставаме белките, матиме, додаваме шеќер, потоа 20 гр брашно, 50 гр крупно сецкани тостирани ореви, на врвот на ножот пециво.
Печиме, па оставаме да се лади кората.
Сега го подготвуваме жолтиот фил.
Во касерола ги соединуваме жолчките, шеќерот, пудингот, млекото.
Изедначуваме убаво, па вариме на тивок оган се додека кремот не се згусни, а при тоа постојано мешаме.
Сварениот крем го тргаме на страна, па го додаваме путерот и енергично мешаме за да се изедначи.
Сега го покриваме со прозирна фолија и оставаме да се лади.
Во касерола ја налеваме слатката павлака.
Од кога ќе се загрее го додаваме искршеното чоколадо.
Соединуваме.
Во сад го ставаме маскарпонето и го матиме.
Тука го додаавме изладениот ганаш, кратко соединуваме.
Додаваме мелени наполитанки.
Соединуваме.
На веќе изладениот жолт крем му додаваме слатка павлака и кратко со миксер соединуваме.
Редење на тортата.
На тајнир ставаме темна кора, жолт фил, светла кора, темен фил, темна кора, жолт фил, светла кора, темен фил.
Рустично ја декорираме тортата по сопствен избор.
Оставаме во фрижидер 2 часа, па сечеме парчиња и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Sekoe dobro i za vas. Cuvajte se
Sekoe dobro i za. Tebe
Poz i Ubav den
Goooolem pozdrav
Оваа бројка се постигнува со љубов, труд, посветеност, како што велиш и ти
Поздрав
Ти честитам за сите 1500 споделиени рецепти, нека се множат, нека се штампаат :)
Тортичето одлично, мене баш фенси ми изгледа, а пресекот мерак.
Голем карантински поздрав :)
Prvicnata idea Mi bese nesto jagodi, beze kori, lesno...
Arno ama sum strog karantin i jas i podgotviv torta so sostojki koi gi imam vo moite rezervi doma, vo mojot market?
Ne Mi se odi po piljari, marketi...
Vazno so keif Se izede
Pozzz Cuvaj se
здрави и живи да сме, се ќе помини :*
Ke bide
Убав ден имај
Ти благодарам на честитките
Поз
Ova e brojka za pocit. Sekoja cest Kate. Neumorna si.
Prodolzi da bides tuka i da se mnozat uste mnogu recepti i jubilei koi zaednicki ke gi slavime.
Te pozdravuvam.
Прекрасна "гола" торта. Пресекот ме воодушевува, само што го видов како да ме поткрена нешто од столчето да станам и да ја направам.
Ама кога ќе ја направам ќе ставам и слика, а тоа ќе биде во некоја следна прилика.
Pozz i blagodaram za cestitkite
твојата неуморност е првото нешто кое сите го забележуваме кај тебе, и се воодушевуваме на твојата неисцрпна енергија за подготовка на домашни јадења. Овој твој вонсериски јубилеј и тоа како го потврдува ова.
Навистина се радуваме што оваа твоја јубилејна торта го носи твоето име, затоа што човек треба понекогаш да застане, да погледне колку има постигнато и да се награди самиот себеси за среќата да има можност да твори - тоа, според нас е најголемиот благослов!
Ти благодариме за твоите 1500 рецепти и ти го подаруваме најновиот револуционерен производ од Делимано, Мултифреш - вакум блендер и протектор на хранливи состојки. Честитки!
Ти посакуваме енергијата вечно да е на истото ниво и да ја споделуваме заеднички на нашата заедничка страница,
Тимот на МоиРецепти
Ова е нова генерација 5 во 1 апарат. Покрај опцијата за блендирање, има опција и за вакумско блендирање. Најпрво го извлекува воздухот, па потоа со автоматски циклус на блендирање ги обработува состојките, притоа зачувувајќи ги витамините и минералите. На крајот, автоматски се исклучува. Шејкот подготвен на овој начин се затвора со обичен капак и се чува во фрижидер и до 48 часа. Подготвен одвечер, ако се пие наредното утро има дури и повеќе витамини од свежо подготвен шејк во невакумски блендер.
Делимано Мултифреш функционира и како апарат за мелење и апарат за вакумирање, но функцијата за која и ние бевме изненадени - е функцијата за подготовка на здрави супи и сосови, на температура од 70 степени. Има автоматски програм и за супи, кој трае околу 20 минути, Прво ги готви состојките и на крајот ги блендира. За тоа време вие може да ги подготвите другите оброци и да имате комплетен здрав ручек. Побрзо и мнооогу поздраво и од супа од ќесичка - а и рацете ви се слободни.
Дополнително, може да се набави додаток Мултипрактик, па да се зголеми бројот на неговите функции.
Да не се овие апарати, садови за готвење, секако дека подготовката на храна ќе биде подолготрајна и потешка.
Името на тортата, Катерина торта, онака спонтано го напишав, немав некоја идеа.
Ја подготвив по интуиција со состојки кои ги имав дома.
Се надевам дека сите ние остануваме тука во добро здравје и понатаму.
Ииии... Ја имате максимално мојата соработка, да вратиме дел од изгубените рецепти.
Поздрав
Секоја чест за ентузијазмот, за посветеноста, за неуморноста, квалитетот и ...
Честитки и за овој јубилеј Катерина!
Што друго да кажам ... се најубаво и не запирај ...
Со здравје да се користи преубавата награда!
Поздрав
Прекрасна торта, како и секој твој рецепт, нека се множат!
Со здравје да си го користиш подарокот :-)
Pozdrav, Ubav den
Gotvenjeto e moja duhovna hrana
Pozzz
Поздрав и секое добро