Катерина торта-мој 1500 јубилеен рецепт
Состојки
- 1 кора- потребни се две вакви кори
- 2 белки
- 2 лажици шеќер
- 60гр мелен тостиран орев
- 1 штангла рендано чоколадо или 1 лажиче квалитетно чоколадо
- кора 2, односно 3
- 2 белки
- 2 лажици шеќер
- 30гр тостиран, сецкан орев
- 30гр мелен тостиран орев
- кора 3, односно 4
- 2 белки
- 2 лажици шеќер
- 20гр брашно
- 50гр крупно сецкан , тостиран орев
- на врвот на ножот пециво
- жолт крем
- 8 жолчки
- 7-8 лажици шеќер
- 430мл млеко
- 1 пудинг од ванила
- 70гр путер
- 70мл слатка павлака
- кафен крем
- 120гр темно чоколадо, 44 % како маса
- 200мл слатка павлака
- 70гр наполитанки од лешник
- 125гр маскарпоне
Подготовка
Драги МР, мои пријатели…
Еве стигнав до мојот 1500 рецепт, презентиран од мојата кујна , а споделен со вас на оваа прекрасна страна.
Изборот за овој јубилеј беше една, богата на вкус, “неуредна” торта, торти кои се хит во овој период. Односно, торти без тешки, слатки фондани...или шампити.
Тука ќе изразам благодарност до сите почитувачи на мојата кујна, до сите оние кои оделиле време да ги погледнат моите рецепти, да ги споделат, да ги подготват..
Благодарност и до целиот тим на МР.
Начин на подготовка
Потребни ни се 4 кори.
При печењето калапот треба да биде потполно чист, со послана хартија за печење.
Исклучиво моја препорака е да се користат тостирани ореви.
Тоа го сработив во апаратот за готвење со топол воздух, за 5-7 минути.
Шмекот на потпечен орев е прекрасен.
Јас работев во калап со дијаметар од 18 цм
Ако имате потреба од поголема торта, работете со дуплирање на состојките и печете во тава бр 24 или 26.
Периодов е таков за сите нас, кога социјалниот живот ни е сведен на 0, па отука се одлучив за не многу голема торта.
Во вангличка ставаме 2 белки, матиме, па додаваме 2 лажици шеќер.
Со исклучен миксер додаваме 60 гр мелен орев, 1 штангла рендано чоколадо или 1 лажиче просеано квалитетно какао.
Смесата ја ставаме во обрачот, израмнуваме и печиме на 180 соколу 10-15 минути.
Испеченото тесто го оставаме да се лади.
Сега на ист начин го подготвуваме второто тесто.
Вака ќе добием 2 темни кори.
Сега го подготвуваме третото тесто.
Во вангличка ги ставаме белките, матиме, па додаваме шеќер.
Со исклучен миксер додаваме 30 гр сецкан тостиран орев, 30 гр мелен тостиран орев.
Соединуваме.
Печиме во истиот калап.
Испеченото тесто го оставаме да се лади.
Ја подготвуваме четвртата кора.
Во сад ги ставаме белките, матиме, додаваме шеќер, потоа 20 гр брашно, 50 гр крупно сецкани тостирани ореви, на врвот на ножот пециво.
Печиме, па оставаме да се лади кората.
Сега го подготвуваме жолтиот фил.
Во касерола ги соединуваме жолчките, шеќерот, пудингот, млекото.
Изедначуваме убаво, па вариме на тивок оган се додека кремот не се згусни, а при тоа постојано мешаме.
Сварениот крем го тргаме на страна, па го додаваме путерот и енергично мешаме за да се изедначи.
Сега го покриваме со прозирна фолија и оставаме да се лади.
Во касерола ја налеваме слатката павлака.
Од кога ќе се загрее го додаваме искршеното чоколадо.
Соединуваме.
Во сад го ставаме маскарпонето и го матиме.
Тука го додаавме изладениот ганаш, кратко соединуваме.
Додаваме мелени наполитанки.
Соединуваме.
На веќе изладениот жолт крем му додаваме слатка павлака и кратко со миксер соединуваме.
Редење на тортата.
На тајнир ставаме темна кора, жолт фил, светла кора, темен фил, темна кора, жолт фил, светла кора, темен фил.
Рустично ја декорираме тортата по сопствен избор.
Оставаме во фрижидер 2 часа, па сечеме парчиња и послужуваме.