Милка торта со орео кекси (1500 јубилеен рецепт)
Полека - полека заокружив и јас овде еден јубилеј, заокружив огромна бројка на пријатели, заокружив голем број на многу добри рецепт, а истовремено и научив нешто повеке со дружбата, за кое нешто јас сум многу благодарна. Овде е едно големо друштво на кое вратите се отворени за сите нови членки за кои знам дека овој сајт ке им биде секојдневие. Кој знае - ке не научи, кој незнае - ке се научи , а за целото ова убаво што ни се случува секако најзаслужна е страната Мои Рецепти заедно со екипата.
Срекни празници,
Припрема
1. Кора- Во поголем сад просејте го брашното, какаото, пецивото, содата, додадете шекерот, ванила и солта. Во друг помал сад пенесто измиксирајте ги јајцата, додадете го маслото, кората од портокал, екстратот од ванилата и измешајте со миксерот на најмалата брзина само кратко колку да се спојат состојките. Оваа добиена смеса додадете ја кај измешаното брашно. Врелата вода во тенок млаз додавајте ја постојано мешајки. Со хартија зе печење обложете тава бр.24, ставете да се пече во претходно загреаа рера на 170-180 степенни околу 25 мин. но сепак проверете со чечкалица. Печена извадете и оставете ја да олади, по што потрудете се да исечете 2-две кори. .
2. Фил- Над пареа или на сосема тивок оган растопете ја белата чоколада со маслото.и водата. (користете квалитетно бело чоколадо- јас користев бела кувертура). Во стопеното чоколадо додадете го лимоновиот сок и размешајте. Слатката павлака изматете ја и оставете настрана. Со миксер кратко изматете го и свежото сирење, по што во него ке ја додадете млаката стопена чоколада- со најголемата брзина од мисерот спојте ги во еднолична смеса. Внимателно додадете ја во неколку наврати изматената слатка павлака постојано мешајки со најголемата брзина од миксерот. Милка чоколадото со орео кексите ситно исецкајте ги и додадете кај филот.
3. Оформување- На тацната на која ке стои тортата ставете ја првата кора- со лажица посипувајте од чоколадното млеко, премачкајте со 1/2 од филот- ставете во фрижидер за кратко да се зацврсти, извадете ја- ставете ја втората кора и премачкајте со остатокот од филот. Вратете во фрижидерот.
4. Направете го ганашот ставајки во сад да се загрева слатката павлака недозволувајки да проврие, додадете во неа ситно исецканото чоколадо, мешајте се додека се стопи. Нека олади до многу младо- не смее да се става топло. Извадете тортата од фрижидерот, залијте со ганашот.
- Не се сетив навремено да си оставам малку од ганашот, ми притекна да загреам чоколаден крем - тоа беше Ципирипи, ставив во шприц и некако ја довршив.. Јас ѕидовите на тортата ги оформиф со трошки од брауни кекс. Тортичево го спремав за мојот прв внук кој во далечната Новогодишна ноќ во 2005 година не направи најсрекни појавувајки се на овој свет.
Лиценца: Сите права се задржани
Супер повод за кој е направена тортата...да ве радува внукот цел живот.
Поздрав
Gooolema brojka na domakinski recepti imas spodeleno tuka
Ubavo e koga se podgotvuva nesto so mnogu ljubov i posveta
Se nadevam vo dobro zdravje ostanuvame site tuka i ponatamu da se druzime
Pozz i uzivaj vo tvojot den
Па сите да ги спремиш, да ги натокмиш, да ги сликаш....немам што да кажам друго освен едно големо браво.
А ова тортичкава е башка приказна.Одам пак да ја читам на ново ))))
Тортата одлична како и сите твои дела! Уживај си во убавиов и значаен ден!
Ти честитам од срце за овој твој нов огромен јубилеј ...
Три петстотки си славиш, ич мана си немаш ...
Да смислиш па да зготвиш, да наместиш па да сликниш ... дур окото ти рече, е сега е таман ...
Со љубов се' да створиш, со исто и да споделиш ...
Еее, тоа е нашата Лиле ...
Честитки уште еднаш за прекрасната торта за милиот внук,
трај ни уште долго, биди здрава и среќна ... имај што ти срце милува :)
Да бидам искрена вие сте ми онака синоним за готвење кога и да ја дојдам на оваа страна, и секогаш кога ќе видам рецепт од вас, знам дека следува нешто совршено.
Ви посакувам уште многу, многу рецепти и љубилеии <3
Се надевам дека во иднина ќе имамe можност и да се видиме сите да се сретнеме <3
Sekogas se voodusevuvam koga gi citam tvoite recepti.
Potpolno ubavo objasneti i prezentirani.
Sekoja cest.
Bidi ziva i zdrava, da te citame uste dolgo tuka.
Topol pozdrav.
Што да кажам, преубава торта-како и секое твое дело, голем јубилеј-многу вложен труд и љубов,најубав повод-секогаш така да бидете среќни со внучето како и таа новогодишна ноќ!!!
Ти посакувам уште многу јубилеи, многу убави рецепти кој секој за себе се посебна магична приказна, секое добро и долга дружба :-)
воопшто не се сомневавме дека ќе ја достигнеш оваа прекрасна бројка. Бројката е убава исто колку што е убав и самиот рецепт. Впрочем, ние сите секојдневно се вљубуваме во твоите прекрасни рецепти, и со нетрпение очекуваме што следно ќе ни подготвиш.
Несомнено, ти си добар пример од кој многу нови ленови учеле и ќе учат уште долго време, затоа што со помош на твоето описно раскажување и живописни фотографии од рецептите, секој може да стане вистински професионалец.
Ти благодариме за твоите 1500 рецепти и ти подаруваме одличен производ кој сме сигурни дека добро ќе го искористиш- Delimano Кујнски робот ПРО заедно со додатоци за месо и тестенини. Честитки!
Ти посакуваме уште многу вакви прекрасни јубилеи, да ја красиш оваа наша заедничка страна со твоите вкусни задоволства.
Тимот на МоиРецепти