12
дек
2012
Мафини со мандарини
Мандарините ставете ги во едно тенџерче, прелијте ги со ладна вода и ставете ги да се варат две минути. Истурете ја водата, турете нова ладна вода и пак ставете ги да се варат две минути. Исцедете ги и кога ќе се оладат испасирајте ги. (во блендер)
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го путерот и маслото, па сите суви состојки. На крајот измешајте го исечканото чоколадо.
Печете ги во калап за мафини, на 180 степени.
За преливот, измешајте го сокот со шеќерот и медот, зовријте го и преку секое мафинче прелијте по малку. Можете најпрво мафинчето да го дупнете со чепкалка за заби на неколку места.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ovie sigurno imaat preubav vkus -praznicen boziken a imelata go dopolnuva momentot pozz:)
A imelata od kade e ?
Imelata e od kaj Vesna i Stavro, vcera si ja nabrav :)
?
сигурно?
со онаа лушпа што ја ставам на ќумбе да мириса? :) :) :) :)
како не го видов рецептов вчера. со младунче ги смуфтавме мандарините, а денес си најде едно парче вчера што си го сркило, за не дај боже смак света да дојде, па да не остане гладно :) :) :) :)
Патем, одличен рецепт! Комплименти!