Посни и празнични се овие колачиња, кои се подготвуваат во силиконски модли, се печат и се декорираат со фил.

Мандарините се цедат со цедалка, сокот од нив се става во сад, се додаваат сите состојки предвидени за тесто и се полнат 2/3 од силиконски модли. Се ставаат да се печат на 180.
Се прекриваат печени со крпа по 3-4 минутки се вадат од модлите и подготвени се за декорирање со фил.
За него се става шеќерот и водата да зоврие настрана се мати брашното со вода и се додава во шербетот што вари на оган,се вари крем,се става ванила,се трга настрана се става чоколадото и се меша да се истопи целосно па се лади.Во одделен сад се бие со миксер маргаринот,се додава по лажица од филот во него. Со шприц се нанесува од филот врз печените колачиња.

Секогаш се добредојдени дополнителни декорации за попримамлив изглед, бројот на парчиња секако ќе зависи од големината на калапчињата, битно е само да се полнат со 2/3 од целокупната зафатнина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови