Стапчината аспарагус се чистат, се сечат на парчина од околу 2цм и се варат во посолена вода 5-6 минути да омекнат. Потоа се цедат.
Макароните се варат во солена вода за време означено на паковањето и се цедат.
Шунката или свинскиот врат ситно се сецка и сите измешајте ги. Додајте сол по вкус.
Помала тава за печење намачкајте ја со путер и посипете ја со лебни трошки и турете ги измешаните макарони.
Во сад изматете ги јајцата со павлаката и пармезанот или кашкавалот, малку бибер и морско оревче и прелијте ги. Одозгора наредете неколку парченца путер.
Ставете ги да се потпечат во загреана рерна околу 20 минути, колку да се зацврсти преливот.
Послужете ги топли со свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани