Испечати

Макарони со аспарагус

Макарони со аспарагус

Состојки

  • 300 гр макарони
  • 500 гр аспарагус
  • 100 гр шунка или свински врат
  • За прелив
  • 200 гр павлака за готвење
  • 3 јајца
  • 3 лажици пармезан или кашкавал
  • по вкус сол, бибер и морско оревче
  • по потреба путер и лебни трошки

Подготовка

Стапчината аспарагус се чистат, се сечат на парчина од околу 2цм и се варат во посолена вода 5-6 минути да омекнат. Потоа се цедат.
Макароните се варат во солена вода за време означено на паковањето и се цедат.
Шунката или свинскиот врат ситно се сецка и сите измешајте ги. Додајте сол по вкус.
Помала тава за печење намачкајте ја со путер и посипете ја со лебни трошки и турете ги измешаните макарони.
Во сад изматете ги јајцата со павлаката и пармезанот или кашкавалот, малку бибер и морско оревче и прелијте ги. Одозгора наредете неколку парченца путер.
Ставете ги да се потпечат во загреана рерна околу 20 минути, колку да се зацврсти преливот.
Послужете ги топли со свежа салата.