Макарони со аспарагус
Стапчината аспарагус се чистат, се сечат на парчина од околу 2цм и се варат во посолена вода 5-6 минути да омекнат. Потоа се цедат.
Макароните се варат во солена вода за време означено на паковањето и се цедат.
Шунката или свинскиот врат ситно се сецка и сите измешајте ги. Додајте сол по вкус.
Помала тава за печење намачкајте ја со путер и посипете ја со лебни трошки и турете ги измешаните макарони.
Во сад изматете ги јајцата со павлаката и пармезанот или кашкавалот, малку бибер и морско оревче и прелијте ги. Одозгора наредете неколку парченца путер.
Ставете ги да се потпечат во загреана рерна околу 20 минути, колку да се зацврсти преливот.
Послужете ги топли со свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани
Јас сум си по макароните и би пробала и мислам дека ќе ми се бендиса( не знам што не ми се бендисува?! само да се јадело нешто :):):)
Ама вака подготвени вреди да се вкусат, одлични се !!!