Видео рецепт: Закуска од Аспарагус и Пршута
Ова е навистина лесен рецепт од едноставни состојки кои можете да ги најдете во секоја продавница, па затоа пробајте го овој рецепт и уживајте во јадењето.
Состојки
- 3 парчиња халуми сирење
- 200 грама пршута
- Една рака свеж аспарагус
- 2 шолји сенф
- 1 шолја мед
- Сол и Бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Да започнеме со сирењето. Ставете само капка масло и не грижете се за чистењето, сирењето воопшто нема да се залепи за оваа тава. Оставете го само 3 минути додека да добие златно кафеава боја и извадете го.
Чекор 2: Сега земете две парчиња свеж аспарагус кој претходно го измивме со топла вода и почнете да ја создавате порцијата. Тоа е супер лесно, само ставете ги парчињата аспарагус едно до друго и ставете го сирењето во средина, и потоа едноставно намотајте ја пршутата околу сирењето за состојките да останат на своите места. Повторете го процесот со преостанатиот аспарагус.
Чекор 3: Не заборавајте да ја исчистите тавата во која го пржевте сирењето. Јас користам салфетка, но Вие можете и да ја исплакнете со вода.
Чекор 4: Кога ќе го подготвите сиот аспарагус, земете ја тавата и ставете го во неа, преливајќи го со малку маслиново масло. Тоа ќе помогне аспарагусот да ги впие вкусовите на сирењето и пршутата додека состојките се печат во рерна 12 минути на температура од 220 степени. Сирењето во внатрешноста ќе се истопи уште малку, а пршутата ќе го направи јадењето посолено.
Чекор 5: Се што ни треба сега е да го направиме сосот кој совршено одговара за ова јадење. Сенфот и медот ќе ги ставиме во мал сад и ќе ги измешаме; тие ќе му го дадат завршниот допир на овој рецепт пребогат со вкус.
СОВЕТ: Овој рецепт е СУПЕР лесен и СУПЕР здрав. Пробајте ја оваа закуска, а можете и да направите сопствена верзија. Сигурен сум дека ќе уживате во него.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава ; Ростер