Закуска со диња,пршута и сирење
Дињата во комбинација со пршута и сирење одлично се вклопува за попладневниот аперитив или како предјадење за ручекот.
Освежителна летна закуска која верувам дека ќе ви се допадне.
Многу лесна за приготвување а за декорацијата препуштете им се на фантазијата.
1. Дињата исчистете ја од семето и расечете ја на 4 парчиња.
2. Двете парчиња оставете ги во чинијата за послужување,а другите исечете ги на коцки.
3. Секое коцка од диња замотајте ја со лента пршута.
4. Исто и сирењето исечете го на коски.
5. На дрвени стапчиња набоцкајте ги коцките диња и сирење наизменично со по некој лист босилок.
5. На чинијата за послужување распоредете ги преостанатата пршута, крекерите и стапчињата со диња и сирење.
Послужете со бело вино или гингер.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани