Мамината закуска
Оваа закуска или слободно може да се кажи и оброк по желба е рецепт од мајка ми. Често фален, баран на моја нарачка кога ќе не повика на ручек и исто така и чест на свечените трпези како закуска исечен на парчиња(коцки). Бидејќи нема име, јас си го нареков мамина закуска)))
1. Најпрво подварете ги одвоено секое од месата. Кога ќе подоладат, пилешкото се кини на ситни парчиња со раце, а свинското би било убаво исто да е кинато, но некое не дозволува па можи и да се исечи на поситни коцкички. Секое посебно потоа пропржете го на малку масло.
2. Во друга подлабока тава испржете го ситно сецканиот кромид и печурките, запржете една лажица брашно во него и додадете ја водата. На крај додадете ги двата вида пржено месо, убаво промешајте и содржината префрлете ја во тава за печење. Изрендајте половина од кашкавалот и убаво промешајте и израмнете. За добар изглед и компактност кога ќе се сечи, треба содржината во тавата да зафаќа одприлика 2 и пол прсти.
3. Одозгора премачкајте со киселата павкала рамномерно насекаде и над неа нарендајте го останатиот кашкавал.
Печете во загреана рерна додека одозгора не фати убава кора од кашкавалот (односно додека убаво не се разлее, растопи). Одприлика некои 15 мин.
Како што кажав во уводот оваа закуска често се наоѓала на прзничните трпези и секогаш гостите со задоволство се служеле со неа нагласувајќи колу им се допаѓа. А ми се допаѓа многу лично и мене (само ги требам печурките, или ако ја приготвувам за нас тие изостануваат), па од срце ви ја препорачувам за секоја прилика. Ах, да кога сме кај печурките, по желба можи да си ставите и повеќе од наведената количина.
На здравје!)))
Лиценца: Сите права се задржани
Додека го пишам одговорот подолу, ти и Јуле веке сте пишале. А мене ме стануваа често на сред пишење :) Па тој одговор сега треба да е наменет за коментарите над вас ;)
Кате, закуската е по рецепт на мајка ми сигурно хехе... и го пренесов оригинал како што е. Предходното сликање и ставив една рака печурки (за Светлана да види хаха...) ама меморијата се расипа и сликите пропаднаа, па второто сликање кога пак ја правев, не ставив како и секогаш кога јас си ја правам за нас дома ;)
И со и без печурките превкусно е, пробајте си ја во некоја прилика, ви ја препорачувам ;)
Тогаш сум ставила и мала китка магдонос. иако не е морален, сум изумила да напишам. Значи, кој милува можи во групното пржење и магдонос да си стави:)