Испечати

Мамината закуска

Мамината закуска

Состојки

  • 1 кг свинска кртина (можи говедска)
  • 1 кг пилешко месо
  • 1 поголема гл кромид
  • 1 лаж. брашно
  • 150 мл вода
  • 300 гр маринирани шампињони
  • 400 гр кашкавал (најмалку)
  • 300 гр кисела павлака (по потреба и повеќе)

Подготовка

Оваа закуска или слободно може да се кажи и оброк по желба е рецепт од мајка ми. Често фален, баран на моја нарачка кога ќе не повика на ручек и исто така и чест на свечените трпези како закуска исечен на парчиња(коцки). Бидејќи нема име, јас си го нареков мамина закуска)))

1. Најпрво подварете ги одвоено секое од месата. Кога ќе подоладат, пилешкото се кини на ситни парчиња со раце, а свинското би било убаво исто да е кинато, но некое не дозволува па можи и да се исечи на поситни коцкички. Секое посебно потоа пропржете го на малку масло.

2. Во друга подлабока тава испржете го ситно сецканиот кромид и печурките, запржете една лажица брашно во него и додадете ја водата. На крај додадете ги двата вида пржено месо, убаво промешајте и содржината префрлете ја во тава за печење. Изрендајте половина од кашкавалот и убаво промешајте и израмнете. За добар изглед и компактност кога ќе се сечи, треба содржината во тавата да зафаќа одприлика 2 и пол прсти.

3. Одозгора премачкајте со киселата павкала рамномерно насекаде и над неа нарендајте го останатиот кашкавал.
Печете во загреана рерна додека одозгора не фати убава кора од кашкавалот (односно додека убаво не се разлее, растопи). Одприлика некои 15 мин.

Како што кажав во уводот оваа закуска често се наоѓала на прзничните трпези и секогаш гостите со задоволство се служеле со неа нагласувајќи колу им се допаѓа. А ми се допаѓа многу лично и мене (само ги требам печурките, или ако ја приготвувам за нас тие изостануваат), па од срце ви ја препорачувам за секоја прилика. Ах, да кога сме кај печурките, по желба можи да си ставите и повеќе од наведената количина.
На здравје!)))