Денес правиме исклучително едноставен рецепт. Можете да го приготвите со различни видови тортелини, кои можете да ги најдете во секоја продавница и тоа со најразлично полнење: сирење, спанаќ, печурки. Денес користиме свежи тортелини со аспарагус.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 250 грама Тортелини со Аспарагус
  • 15 грама Бри сирење
  • 100 милилитри Кисела павлака
  • 1 главица кромид
  • магдонос
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Загрејте вода до точка на вриење и ставете доста сол и малку масло. Земете половина главица кромид, исечкајте ја на мали парчиња и ставете ја во тавата за сос. Заедно со кромидот ставете ја и киселата павлака и бри сирењето.

Чекор 2: Кога водата ќе зоврие, ставете ги тортелините и варете ги околу 10 минути. Времето на варење зависи од видот на тортелини кои ги имате, но тие би требале да бидат готови за 7 до 12 минути.

Чекор 3: Зачинете го сосот со малку магдонос. Вкусот на сосот е навистина интензивен, па затоа не треба да додавате ништо друго. Овој бел сос одлично одговара за овој вид паста.

Чекор 4: Веќе го знаете начинот на сервирање. Ставете половина од тортелините во длабока чинија и одозгора прелијте ги со сосот. Се што ви треба сега е пармезан сирење кое ќе му даде специфичен вкус на јадењето. Сервирањето завршете го со малку магдонос одозгора.

Чекор 5: Тавата за сос лесно се чисти на крајот. Избришете ја неколку пати и готови сте со овој исклучително лесен рецепт.

СОВЕТ: Тукушто направивте едноставен лесен рецепт, но вкусот е далеку од едноставен. Напротив, има богат вкус и е едно од нашите омилени јадења кога брзаме и кога треба да подготвиме нешто за да ги изненадиме гостите.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сад за сос ; Kасерола