Печурките исечени на тенки листови ставете ги во тава со маслото, додајте го исецканиот лук, сол, бибер и оставете ги да се пржат додека течноста испари.
Додајте го доматниот сос, туната, магдоносот, пола чаша вода и оставете го да вари 5 мин.
Лингвините или шпагетите ставете ги да се варат во посолена зовриена вода околу 7-8 минути. Потоа додајте ги во сосот и измешајте ги.
Послужете ги одма додека се топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани