Испечати

Лингвини со туна и шампињони

Лингвини со туна и шампињони

Состојки

  • 250 гр паста лингвини или шпагети
  • 200 гр шампињони
  • 120 гр туна
  • 250 мл сос од домати
  • 2 чешнина лук
  • 2-3 лажици сецкан магдонос
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • по потреба сол и бибер

Подготовка

Печурките исечени на тенки листови ставете ги во тава со маслото, додајте го исецканиот лук, сол, бибер и оставете ги да се пржат додека течноста испари.
Додајте го доматниот сос, туната, магдоносот, пола чаша вода и оставете го да вари 5 мин.
Лингвините или шпагетите ставете ги да се варат во посолена зовриена вода околу 7-8 минути. Потоа додајте ги во сосот и измешајте ги.
Послужете ги одма додека се топли.