6
апр
2013
Лингвини со туна и шампињони
Печурките исечени на тенки листови ставете ги во тава со маслото, додајте го исецканиот лук, сол, бибер и оставете ги да се пржат додека течноста испари.
Додајте го доматниот сос, туната, магдоносот, пола чаша вода и оставете го да вари 5 мин.
Лингвините или шпагетите ставете ги да се варат во посолена зовриена вода околу 7-8 минути. Потоа додајте ги во сосот и измешајте ги.
Послужете ги одма додека се топли.
Лиценца: Сите права се задржани
Лиле, виде сега како е? :))) И мене со тоа печурките повеќето работи ми се допаѓаат, не велам не, амааа аако гледам каако друг ги јади-само така ми е интересно, што тоа со гледањето единствено не важи за со полжавите-тие не сакам да ги гледам и мирисам готвени :)))
хехе вечерва од убаво поубаво јадење... ама имам една мака-после секој коментар ерор ми вади, а коментарот сепак оди, и кај друг е вака или само јас сум со таа „среќа“?
Треба да си купам смачкани шпагети,не ми се вртат по дома вакви работи