Видео рецепт: Лингвини со балсамирани печени домати и босилек
Доматите, пастата и босилекот се поврзани со Италија на повеќе начини. Вкусовите се вистинска претстава за Италија, но исто и боите… Црвена, бела и зелена. Овде земаме уште една класична Италијанска состојка и печеме слатки и сочни чери домати.
Состојки
- 20 чери домати (по можност со гранчиња)
- Балсамиран оцет
- Полна рака босилек
- Лингвини
- 1 конзерва сечкани домати
- 2 чешниња лук
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво полека ќе ги печеме чери доматите. Ставете ги во тавата за рерна. Покријте ги со балсамиран оцет (или глазура), сол и бибер и маслиново масло. Ставете ги во рерна на температура од 100 степени 45 минути.
Чекор 2: Сварете ги лингвините така што ќе ги ставите во жешка вода со сол и маслиново масло. Лингвините се подебели од шпагетите и на нив ќе се фати повеќе од сосот кога ќе ги земете со вилушка.
Чекор 3: Ставете ги двете чешниња лук во масло кое се загрева во тавата за пржење – така вкусот на лукот се меша со маслото и подоцна ќе го збогати сосот.
Извадете го лукот и во маслото ставете ги исечканите домати на среден оган. Полека крчкајте го сосот дозволувајќи да испари дел од вишокот течност и со тоа вкусот на сосот да стане поинтензивен.
Чекор 4: Извадете ги чери доматите од рерна. Кога ќе ги извадите од тавата, во неа ставете малку вода да ги собере соковите од тавата и потоа течноста пресипете ја во сосот кој се готви. Искрчкајте го сосот уште малку и потоа во него ставете свежо исечкан босилек и спремни сме за сервирање.
Чекор 5: Исцедете ги сварените лингвини, сипете го сосот и убаво промешајте.
Чекор 6: Време е за сервирање: Ставете ја пастата со сосот во чинија. И гарнирајте со печени чери домати одозгора.
СОВЕТ: Ова е навистина едноставна идеја како да добиете максимален вкус од доматите во летната сезона. Чери доматите имаат поинтензивен и посладок вкус од нивните поголеми браќа и со нивно бавно печење со балсамиран оцет се ослободува вистинска сензација на вкус!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Ростер ; Тава со рачки
PS. Moirecepti.mk gi ima najubavite recepti sto voopsto sum gi sretnala, prodolzete taka!