Видео рецепт: Лингвини со песто од лимон и рукола
Песто и тестенини е класична комбинација, но вкусот на домашно приготвеното песто е далеку подобар од купеното во продавница. Правењето песто е многу лесно ако ги имате вистинските состојки, а овој алтернативен рецепт за песто со рукола и лимон е спој создаден во рајот.
Состојки
- една рака рукола
- 2 лимона
- 2 чешниња лук
- 50 грама ореви
- 50 грама пармезан
- 200 грама лингвини
- 100 мл. маслиново масло
- една рака Чери домати
- сол и бибер
Подготовка
Чекор 1: Да почнеме со тестенините. Прво ќе ставиме вода да зоврие со сол и маслиново масло. Ова помага тестенините да не се лепат и им додава вкус.
Ставете ги тестенините во зовриената вода – ние користиме лингвини, подебела верзија на шпагети, на кои подоцна ќе се залепи повеќе песто. Лингвините често се користат и во комбинација со риба.
Оставете ги лингвините да се варат неколку минути.
Чекор 2: Сега одиме со пестото – многу е лесно...
Ќе измешаме сè во едно тенџере, па затоа прво ставете ја руколата. Може да ги ставите само листовите, но ние ќе ги ставиме и стебленцата кои даваат посебен вкус. Една полна рака рукола би требало да е доволно, но колку повеќе ставите, толку вкусот ќе биде поинтензивен.
Сега ги ставаме оревите...
Потоа двете чешниња лук, излупени и цели. Изрендајте го пармезанот во тенџерето.
Сол и бибер – веќе има сол од кашкавалот и луткаст вкус од руколата, па затоа не претерувајте.
Сега сок од еден лимон...
Маслиново масло... маслиново масло со висок квалитет ќе го подобри квалитетот на пестото.
Чекор 3: Време е за блендер: Блендирајте ги сите состојки на пестото 30 до 40 секунди. Можеби ќе треба да додадете уште маслиново масло за да ја добиете соодветната густина. Потребна ни е силна зелена боја и груба текстура... Не премногу кашеста и не премногу крупна.
Чекор 4: Исцедете ги тестенините и ставете го Пестото директно во тенџерето. Мешајте, мешајте, мешајте. Сакаме да го покриеме секое парче од тестенините со богатиот песто сос.
Чекор 5: Време е за сервирање: Исечете ги Чери доматите на половинки за гарнир и сервирајте го јадењето со кришка лимон и свежа рукола одозгора.
СОВЕТ: Можеме да гарантираме дека ќе Ви се допадне овој рецепт и дека ќе го правите постојано. Ова е едноставно јадење кое ги задоволува сите вкусови и можете набрзина да го приготвите за семејството или пријателите. Пестото има многу варијации, а оваа е многу лесна за подготовка.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола