Ова песто ми се највкусно, поубаво и од оригиналното (со босилек и пињоли) а настана сосема случајно кога место несолени бадеми (кои ги немав) во пестото од рукола ставив индиски оревчиња.

Подготовката оди вака

1. Шпагетите се варат во посолена вода согласно упатството на кесичката.

2. За пестото со рачен миксер (или аван за толчење) ситно се сецкаат руколата, индиските оревчиња и лукчето. Постепено се додава маслиновото масло за да се добие густ сос. На крај се додава пармезанот, се промешува со лажица и се зачинува со сол и бибер.

3. Шери доматите кратко време се пропржуваат на маслиново масло.Се зачинуваат со сол и бибер.

4. Готовите шпагети се мешаат со пестото и се додаваат шери доматите по вкус

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови