Листовите рукола измијте ги и оставете ги да се исцедат убаво од водата. Шампињоните исечкајте ги на ситно и ставете ги малку во тавче да се пропржат за да испари водата од нив, додадете го лукот и пржете уште малку. Оревите истостирајте ги на тефлонско или делимано тавче
(пропржете ги за да ослободат масло и убава арома) Сите три состојки ставете ги во процесор или блендер, додадете сок од половина лимон, маслиново масло, био зачин, сол и зрна бел бибер. Сете тоа блендирајте го додека не добиете мазна смеса како паштета. Сварете ги лингвините. Шампињоните исечкајте ги и испржете ги заедно со исечканата чадена сланина. Сварените и исцедени лингвини посипете ги со песто и врз него ставете го пржените шампињони со сланина, додадете тенко исечени парчиња кашкавал и наросете пармезан. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови