Испечати

Шпагети со песто од рукола

Шпагети со песто од рукола

Состојки

  • 500 гр. шпагети
  • по вкус шери домати
  • За песто од рукола
  • 1 врзалка рукола (околу 2 полни раце листови)
  • 100 гр. индиски оревчиња (солени)
  • 100 гр. рендан пармезан
  • 2-3 чешниња лук
  • по вкус сол, бибер, маслиново масло

Подготовка

Ова песто ми се највкусно, поубаво и од оригиналното (со босилек и пињоли) а настана сосема случајно кога место несолени бадеми (кои ги немав) во пестото од рукола ставив индиски оревчиња.

Подготовката оди вака

1. Шпагетите се варат во посолена вода согласно упатството на кесичката.

2. За пестото со рачен миксер (или аван за толчење) ситно се сецкаат руколата, индиските оревчиња и лукчето. Постепено се додава маслиновото масло за да се добие густ сос. На крај се додава пармезанот, се промешува со лажица и се зачинува со сол и бибер.

3. Шери доматите кратко време се пропржуваат на маслиново масло.Се зачинуваат со сол и бибер.

4. Готовите шпагети се мешаат со пестото и се додаваат шери доматите по вкус