Во длабок сад го ставаме јогуртот, топлата вода, маслото, солта и квасецот. Додаваме брашно и замесуваме глатко мазно тесто. Тестото го оставаме да стаса.
Кога е готово го додаваме исецканиот млад кромид го соединуваме со тестото и го обликуваме лебот. Го ставаме во плек премачкан со маргарин и го оставаме да нарасне пред печење го премачкуваме со растопен маргарин и печеме на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови