Леб со млад кромид
Состојки
- 1чаша(250 гр) јогурт
- 0,5 чаша топла вода
- 2 лажици масло
- 20 гр квасец
- 2 лажички сол
- по потреба брашно
- 1 чаша сецкан млад кромид (без перцата)
- 50 гр маргарин за подмачкување на тавчето и лебот
Подготовка
Во длабок сад го ставаме јогуртот, топлата вода, маслото, солта и квасецот. Додаваме брашно и замесуваме глатко мазно тесто. Тестото го оставаме да стаса.
Кога е готово го додаваме исецканиот млад кромид го соединуваме со тестото и го обликуваме лебот. Го ставаме во плек премачкан со маргарин и го оставаме да нарасне пред печење го премачкуваме со растопен маргарин и печеме на 200 степени.