Свински џигер со кромид
Го сецкаме кромидот на поситни парченца, му ставаме вода и го оставаме да се вари. Така го вариме додека не испари водата и потоа го додаваме масло и го пржиме, му ги додаваме и морковите. Во меѓувреме исто така го сецкаме на парчиња и џигерот и него најпрво го вариме во вода во посебно тенџере, а потоа и него го пропржуваме малку во масло, му додаваме сенф по вкус. Се заедно мешаме, значи кромидот и џигерот, посолуваме и пржиме. Со самото пржење се добива и прекрасен сос.
На крај сервираме по желба
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Славка, вие може да направите обратно, малку да го подварите, а потоа па долго да го пржите на масло :) и сигурна сум дека ке ви се допадне на двете на крајот :DDD