Испечати

Свински џигер со кромид

Свински џигер со кромид

Состојки

  • 1кг свински џигер
  • 1кг кромид
  • 2-3 моркови
  • 2-3 лажици сенф
  • 1/2 лажиче сол

Подготовка

Го сецкаме кромидот на поситни парченца, му ставаме вода и го оставаме да се вари. Така го вариме додека не испари водата и потоа го додаваме масло и го пржиме, му ги додаваме и морковите. Во меѓувреме исто така го сецкаме на парчиња и џигерот и него најпрво го вариме во вода во посебно тенџере, а потоа и него го пропржуваме малку во масло, му додаваме сенф по вкус. Се заедно мешаме, значи кромидот и џигерот, посолуваме и пржиме. Со самото пржење се добива и прекрасен сос.
На крај сервираме по желба