
Крем торта
Тортата која ќе ја прикажам е направена по повод роденденот на мажот ми.
 Одзема малку повеќе време, но се исплати да ја направите.
Пандишпанот го подготвуваме прв.
Ги делиме белките од жолчките и матиме со миксер заедно со 8 лажици шеќер.
 Додаваме лебни трошки и брашно, па мелените ореви, а на крај додаваме сок од исцеден лимон.
 Тавата е обложена со хартија и ја истураме смесата.
 Печеме проверувајќи со чeпкалка. (околу 15 мин )
 Изладен, пандишпанот го делиме на 2 дела.
 Откако е готов пандишпанот го оставаме на страна и одиме со подготовка на филот.
Фил
Ставаме 400 мл млеко и додаваме шеќер.
 Жолчките ги матиме со маталка и додаваме 100 мл млеко, а потоа го додаваме и прашокот за пудинг.
 Оваа смеса ја додаваме во врелото млеко и мешаме додека да ја добиеме потребната густина. Тргаме од оган и оставаме да излади.
 Откако е изладеноо додаваме 250 гр путер во филот и мешаме повторно со миксер.
 Потоа филот го делиме на два дела и во едниот дел додаваме растопена чоколада.
 Бананите ги сечеме на тркалца.
 Почнуваме да ја редиме тортата.
 Прв ред е половина од пандишпанот.
 Го премачкуваме со 250 гр еурокрем, па редиме бискивити.
 Врз бисквитите го ставаме белиот фил, а потоа редиме ред од банани.
 Повторно го додаваме пандишпанот премачкан со другата половина од еурокремот и пак врз него редиме бисквити.
 Бисквитите овој пат ги премачкуваме со црниот фил, а врзнего повторно редиме бисквити.
 (мене во должина ми испаднаа 6, во ширина 3 реда бисквити )
Слатката павлака ја матиме да постигнеме густина и со шприц за декорирање, декорираме од страната на тортата.
 Врз секоја бисквита додаваме по малку од слатката павлака, а врз неа по мали парченца кива.
 Декорирав и со зелена боја, да добијам поубав изглед на тортата.
 Тоа го добив со додавање на зеленка боја во слатката павлака.
 Тортата е многу вкусна.
 Уште повкусна е да ја оставите еден ден да легне, а потоа да ја служите.
 Пробајте, па кажете.
 На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови



























Naj zalno e sto tortata ja probuva po skajp hahha :)
Kako i da e... sreken e deka i nie ovde mu slavime rodenden.
Blagodaram Katerina za cestitkite :)
Eve eden presek :)
Одлична торта, супере спремено :)
Ubava i kremasta!