Искинете го карфиолот на цветови и обарете го во посолена вода. Компирите сварете ги.
Во намастена тава распоредете половина од карфиолот. Исечете го со нож на парчиња и прилагодете го на дното на тавата. Над него премачкајте со кајмакот.
Компирите исечете ги на плочки и скалесто наредете ги, па над нив изрендајте половина од кашкавалот. Ако го имате во листови, така наредете. Ставете го останатиот карфиол.
Изматете ги јајцата со неутреланата павлака, посолете и зачинете. Со тој прелив прелијте во тавата.
Печете на 200 степени околу 15 минути. Извадете ја тавата од рерна и распоредете ја останатата половина од кашкавалот. Вратете во рерна додека убаво не се растопи.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани