Преубави солени погачки полнети со кајмак и јајца често се на моето мени. Дечињата ги обожаваат, но и преубаво ја збогатуваат празничната трпеза.
Подготовка
Во пластичен сад го ставаме предходно просеаното брашно, на средина го ставаме квасецот со шеќерот и го активираме со топол јогурт. Солта ја сипуваме по краевите, ги додаваме јајцата и зејтинот и замесуваме со остатокот од јогуртот убаво мазно тесто кое ќе ни се одлепи од пластичниот сад. Тестото го оставаме да стаса еден час или додека не го зголеми дупло својот волумен.

Јајцата ги кршиме и заедно со кајмакот ги соединуваме. Во една чиниа оделуваме две белки (жолчките искористите ги во филот со кајмак), сусамот ставете го во друга чинија.
Почнуваме со подготовка и полнење на погачките. Одкинувате мали топки од тестото и со рака или оклагија правите круг. Во кругот ставате фил и полека со прстите ги затварате погачките.
Секое топче го ставате во белка а потоа во сусам и ги бложувате во подмачкан плех.
Рерната ја загревате на 220 степени и откако ќе ги ставите намалувате на 200 степени. Печете дваесетина минути додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани