1. Шницлите се толчат да бидат тенки, се посипуваат со масло и се зачинуваат со зачини по вкус ( во мојот случај сол, бибер, сенф со естрагон). Се оставаат да се маринираат 2-3 часа.

2. Филот со кајмак се спрема на тој начин што се мешаат сите состојки со лажица (по вкус место пармезан и ементалер може да ставите друго тврдо/топиво сирење). Јас филот не го солев бидејќи ми беше доволно солено од сирењата.

3. За прилогот, палентата се спрема според упатството од кесичката. Во сварената палента се додава путерот и пармезанот и се истура на подлога да се олади. Од оладената палента се сечат триаголнци и се потпекуваат на грил тава.

4. Со приготвениот фил се полнат шницлите и се преклопуваат на пола. Со чепкалка се затвараат краевите и се пржат во врело масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови