Телешки шницли на медитернски начин
Вака подготвени шницли со сопругот јадевме во Макрска и веднаш ни се допадна тој спој на телешко месо и цитрусни вкусови. Овие шницли ги подготви сопругот и се речиси идентични со тие што ги јадевме па сакав и со вас да го споделам овој рецепт.
1. Телешката кртина се сече на потенки парчиња и секое парче се завиткува во најлонска фолија и се чука рамномерно од двете страни.
2. Во посебен сад се става маслиново масло, сол, цеден сок и рендана кора од 1 портокал и 1 лимон. Со така подготвената маринада се преливаат шницлите и се оставаат во фрижидер 3-4 часа (за убаво да го примат вкусот на лимонот и портокалот).
3. Во една чинија се ставаат јајцата со малку сол и убаво се матат. Во друга чинија се става брашно, оригано и магдонос и се заедно се меша. Во трета чинија се ставаат лебни трошки и сусам.
4. Шницлите се валкаа најпрвин во брашното, па во јајцето и на крај во лебните трошки.
5. Се пржат во претходно загреано масло.
Лиценца: Сите права се задржани