Шницлите исчукајте ги со чекан за месо да бидат потенки и најдобро би било да бидат по големина на пршутата.
На секое парче шницла ставите еден лист пршута, над неа на средина еден лист жалфија и зацврстете ги со чепкалка.
Откако ќе ги направите сите шницли малку набрашнете ги.
Во голема тава ставете пола од путерот и загрејте го.
Ставете 4 од шницлите да се пржат по 3-4 минути од двете страни. Потоа извадете ги на чинија.
Во тавата ставете го останатиот путер и испржете ги и останатите шницли.
Кога сите се готови вратете ги во тавата, налејте ги со виното, додајте црн пипер и оставете ги да крчкаат додека алкохолот испари. При тоа сите завртете ги да примаат од виното.
Во меѓувреме додека ги спремате шницлите спремете го и прилогот.
Излупете ги компирите и морковите и исечете ги на парчиња.
Ставете ги во зовриена вода да варат околу 10-на минути и потоа додајте го грашокот и оставете ги да варат уште 5 минути или додека зеленчукот омекне.
Исцедете ги од водата и оставете го малку да подолади.
Во тава загрејте го путерот, додајте го зеленчукот и зачинете по вкус. Пржете го мешајќи 2-3 мин.
Шницлите послужете ги со прилогот и свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани