Ова е едноставна и хранлива супа, но дозволете ни да Ви кажеме за потпечениот карфиол! Тоа е една од кулинарските тајни која мора да се сподели. Печен во маслиново масло, лимонов сок и магдонос, тој претставува совршен додаток за оваа чорба, но веројатно ќе сакате постојано да го мезите само него.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 400 грама карфиол
  • 3 мали или една голема главица кромид
  • Половина зеленчукова коцка за супа
  • 1 супена лажица семе од ким
  • 3 супени лажици слатка павлака
  • Дополнителни парчиња карфиол за печење
  • Сок од еден лимон
  • Една рака магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Ситно исечкајте го кромидот.

Чекор 2: Полека пропржете го во путер на тивок оган. Сакаме кромидот да омекне, но не и да добие боја. Ставете сол, а потоа додадете и една полна лажица семе од ким. Пржете ги заедно неколку минути.

Чекор 3: Ставете половина издробена коцка за супа, а потоа и парчиња карфиол. Оставете ги вкусовите да се комбинираат на огнот кратко време, а потоа прелијте ги состојките со жешка вода. Оставете ја течноста да зоврие и да крчка 25 минути додека да омекне карфиолот.

Чекор 4: Време е за блендирање: Ставете ја павлаката и убаво изблендирајте ги состојките. Оваа чорба не треба да биде мазна, туку во неа треба да има мали парченца карфиол кога ќе ја сервирате на маса.

Чекор 5: За подготовка на печениот карфиол, едноставно ставете цветчиња карфиол во тава. Прелијте ги со маслиново масло, лимонов сок и одозгора ставете исечкан магдонос. На крај зачинете ги со сол и бибер. Печете ги во рерна околу 20 минути на температура од 160 степени. Свртете ги најмалку еднаш за цветчињата да добијат еднаква боја.

Чекор 6: Сервирајте ја чорбата во чинија со неколку парчиња потпечен карфиол и магдонос одозгора како гарнир.

СОВЕТ: Што мислите? Ова е едноставен рецепт, но има доволно стил да ја украси трпезата кога приредувате свечена вечера. Чорбата од карфиол навистина заситува во зимскиот период, но исто така е богата со витамин Ц кој ни е потребен за студените зимски денови.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки ; Сет тави за пица
Тава со рачкиСет тави за пица