Карфиол од рерна со песто, пелати и бешамел
Ставете една чаша млеко и најмалку 3 чаши вода во едно тенџере и оставете да зовријат. Додадете сол и карфиолот, измиен, исчистен и искинат на делови. Дополнете вода да го покрива целиот карфиол и откако повторно ќе зоврие, варете 5 минути. Исцедете го и распоредете го во намастена тепсија 25. Јас имав и 2 заостанати печени кременадли од ручекот, па и нив ги искинав на мали парчиња и ги замешав со карфиолот.
Пелатите ситно исецкајте ги или уште подобро испасирајте или изблендирајте ги. Додадете го пестото и сувиот зачин и убаво измешајте. Доколку немате песто, тогаш ставете сецкан свеж босилек или сув. Овде, кој милува можи да придодај црн бибер и гмечен лук или лук во прав. Содржината прелијте ја преку карфиолот. Измешајте го бешамелот и неутралната павлака и прелијте најгоре со тоа. На крај изреднајте го кашкавалот насекаде одозгора и ставете го да се печи на 200С околу половина час, односно додека не фати убава коричка одозгора.
Служете топло со некоја зелена салата или како прилог со печено месо и месо на скара.
Лиценца: Сите права се задржани
фала кате и маја. одлично беше. јас од нетрпение како што пишав погоре, не дочекав, па малку потечно го извадив. воопшто не сметаше, одлично беше и со задоволство се изеде :)
не напишав во текстот, но мал дел со карфиолот измешав и брокула. и таа на ист начин ја подварив како него